Кошаркар на Голден Стејт направи глупав потег на полувреме и доби исклучување! (ВИДЕО)


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Голден Стејт Вориорс синоќа успеа да го победи Портланд трејл Блејзерс со 115-105, но во центар на внимание беше Андреа Игудала, поради еден глупав потег.

На крајот на првото полувреме судиите го исклучија кошаркарот на Голден Стејт, откако не успеа да го заврши последниот напад, па се изнервира и ја фрли топката лут кон трибините со навивачи на Портланд.

Поради тоа доби жестоки свирежи, а судиите решија веднаш да реагираат и да го исклучат, па Игудала повеќе не можеше да се врати на паркетот.