Кој чека, ќе дочека: Подготвена одмаздата на Перез за Нејмар!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Ливерпул блеска оваа сезона во ПЛ, а најдобар играч во овој дел од сезоната е Кутињо.

    Токму тој призна дека еден ден би сакал да се пресели на „Ноу Камп“, а ниту во Барселона не останаа имуни на ова.

    Веднаш тргнаа да го донесат во свои редови, но ги очекува голема конкуренција од страна на Реал Мадрид.

    Барем така тврдат медиумите, а наводно Перез веќе е во контакт со менаџерот на Кутињо.

    Исто така, Бразилецот во својот тим го сака и Зидан, па ова би можело да биде голема одмазда на Реал откако претходно Барселона ги победи во битката за потпис на Нејмар.

    Евентуална реализација на овој трансфер пред се зависи од тоа дали Ливерпул воопшто ќе се согласи да го продаде својот најдобар фудбалер, но и од тоа дали Меѓународниот спортски арбитражен суд ќе ја одложи казната на Реал до наредното лето.

    Во тој случај, европскиот шампион би требало да се ослободи од негои играчи, пред се тоа се однесува на Иско и Родригез.

    Се ова може да се случи во јануари, иако медиумите од Каталонија тврдат дека Барселона е фаворит за овој трансфер.

    Адут на Барселона е всушност Нејмар, кој е во одлични односи со Кутињо.

    Сеуште не е познато колку би можел да чини овој трансфер на Бразилецот од кој Интер во 2013-та година многу лесно се откажа.