Кој шутира пенал, да ја остави секоја надеж: Одличниот чувар на мрежата испиша историја во Примера


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Валенсија после кризата која резултатираше уште тренерска смета врза две многу потребни победи над Алавес и синоќа против Леганес – за бегство од самото дно на Примера.

    Со победата во гости над новопечениот прволигаш (1:2) Валенсија стигна до 14 место, а еден куриозитет го одбележа дуелот.

    Диего Алвес, чуварот на мрежата на Валенсија, во 62 минута одбрани пенал на Шумановски, што само по себе не е голема вест.

    Меѓутоа, тоа на Алвес е 17 одбранет пеналк од 35 колку што неговите соиграчи направиле, што изнесува неверојатен 49 % на успешни одбранети најстроги казни!

    Со тој податок стана голман со најдобар процент на одбранти пенали во историјата на Ла Лига, и тоа убедливо.

    Позади него се легендарните Сантијаго Канизарес со 13 одбранети пенали од 57, потоа Франциско Бујо (15/70), Хосе Рамон Еснаола (14/68), и Андони Зубизарета (16/103).

    Големо е тоа признание за Алвес, а и дополнителен поттик за разбудување на Валенсија, која секако мора подобро.