Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Шампионот на Европа, Реал Мадрид, се пофали дека во минатата сезона имал рекордна заработка од 750 милиони евра.
„Кралевите“ во текот на минатата сезона ја освоија третата титула по ред во Лигата на шампиони, а беа најдобри и на Светското клупско првенство, па имаа 11,3% повеќе приходи во однос на минатата сезона.
Тоа е најголем приход кој клубот го постигнал уште од 2000. година, кога Флорентино Перез стана претседател.
Во финансискиот извештај не се пресметани парите од трансферите на фудбалерите.
Собранието на Реал е закажано за 23. септември, кога ќе се разговара за реновирање на „Сантјаго бернабеу“.