Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Селекторот на репрезентацијата на Србија, Младен Крстајиќ, лут по натпреварот со Швајцарија жестоко го нападна главниот судија, Феликс Брих.
Холанѓанецот не досуди чист пенал за Србија кога Александар Митровиќ со боречки зафат беше срушен од двајца противнички фудбалери, а при тој старт, Брих не ја ни повика ВАР технологијата за помош.
Ваквото нешто ги запали страстите во Србија, а ниту еден од таборот на нашиот северен сосед не остана имун на тоа, па секој имаше по свој коментар. Свое видување даде и селекторот Крстајиќ, кој истакна:
„Јас сум најодговорен за поразот, иако е факт дека сме украдени. Тоа е едноставно така. Судијата по натпреварот не ми кажа ништо специјално, освен некои дипломатски зборови. Тоа беше повеќе глума отколку разговор. Ако можам да сторам нешто денес, би го пратил во Хаг, па таму нека му судат како што ни судеа нас“ –коментираше Крстајиќ по натпреварот.