Кулибали се сели во Премиер Лигата


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Иднината на Калиду Кулибали во Наполи останува неизвесна откако агентот на играчот призна дека не може да го отфрли трансферот во Челси ова лето.

Бруно Сатин во интевју за Радио ЦРЦ изјави: „Кулибали, Сари и Хисај во Челси? Не знам ништо. Трансфер пазарот и претседателот на Наполи ја одредуваат цената. Ова е затоа што тој нема откупна клаузула во договорот. Не знам дали ова се последни три натпревари за Кулибали за Наполи затоа што секое лето тој добива понуди“- коментираше Сатин.

Кулибали беше славен како херој кога го постигна погодокот против Јувентус во финалните моменти од средбата во Торино, но веќе во следното коло уште во раната фаза против Фиорентина заработи црвен картон и го остави својот тим на цедило.