Куманово лесно го победи Пелистер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарите на Куманово го победија Пелистер на гости во натпревар од 11-то коло во македонската Суперлига, 64:81.

Кумановци одлично влегоа во натпреварот, 4:11 после пет минути игра. После првата четвртина имаа водство од девет поени, 15:24. Кошаркарите на Пелистер на почетокот на втората четвртина намалија на четири поени негатива, 24:28. Кумановци се разиграа, постигнаа неколку коша во серија и на полувреме заминаа со осум поени предност, 30:38.

Во третата четвртина доминација на кошаркарите на Куманово. Пред последните десет минути од натпреварот имаа водство од 15 поени, 47:62. Гостите во последната четвртина го задржаа големото водство и на крајот победија со 64:81.

Караџовски и Мијатовиќ со по 20 поени го предводеа Куманово. Јанески додаде 13 поени. Кај Пелистер најефикасен натпреварот го заврши Талевски со 15 поени. Двоцифрени беа и Давков со 12 поени и Анакиевски со 10 поени.

Седма победа за Куманово оваа сезона, а седми пораз на битолскиот клуб.