Куртоа избра тројца најдобри голмани во светот: Има многу добри голмани, но…


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Тибо Куртоа летоска реши да го напушти Челси и да потпише со Реал Мадрид, но во „кралскиот клуб“ не му оди како што сите очекуваа.

Белгиецот често е критикуван од навивачите поради своите лоши настапи на голот на Реал Мадрид, па многумина сметаат дека пристигнувањето на „Сантијаго бернабеу“ е тотално промашување.

Меѓутоа, Курота не сака многу да зборува за критиките и верува дека и во моментов е еден од најдобрите голмани во светот.

Во разговори за шпанските медиуми, Куртоа откри кои се за него најдобри голмани во светот, а поради тоа што не можеше себе да се стави на листата, реши да избере тројца други.

„Не можам да ви кажам кој е најдобар во свет, зашто ги има премногу. За мене постојат тројца најдобри голмани во светот, а тоа се Марк-Андре тер Штеген, Алисон и Јан Облак. Тука сум и јас некаде, но не можам да се ставам на листата“, кажа Куртоа.