Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Голманот на Челси, Тибо Куртоа, нема намера да остане во Лондон, па „сините“ ќе имаат девет дена да одлучат дали ќе ја прифатат понудата од 35 милиони фунти од Реал Мадрид.
Челси се обиде да го убеди Куртоа да остане во Лондон и да ја одбие понудата на Реал Мадрид, но очигледно 26-годишниот чувар на мрежата нема таква намера.
Наводно, Куртоа се заканил на управата на Челси дека ќе си замине бесплатно догодина, доколку сега не му дозволат да се пресели кај „кралевите“.
Сепак, Маурицио Сари ќе го направи последниот обид за да го убеди Белгиецот да остане на „Стемфорд бриџ“, но речиси не постои надеж дека тоа ќе се случи.