Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо се повреди во сабота во натпреварот помеѓу Ливерпул и Сандерленд.
Кутињо го напушти теренот по половина час игра поради повреда, а во првиот момент изгледаше дека станува збор за скршеница на нога.
Сепак, по дополнителни прегледи е потврдено дека тој добро поминал, но дека ќе биде надвор од терените 1 месец.
Овој фудбалер ги пореди лигаментите на ногата и ќе ги пропушти наредните 3 натпревари на Ливерпул.
Кутињо вчера испрати порака по друштвените мрежи:
„Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката. Тоа е многу важно за мене во овој момент.“