Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Филип Кутињо е здрав и одморен, се вратил во Ливерпул после репрезентативната пауза, според изјавата на Јирген Клоп.
Ливерпул успеа да го задржи играчот кој беше главна мета на Барселона, и цврсто стоеше на ставот дека тој не е на продажба, иако играчот јавно побара трансфер.
Тој во натпреварите за Бразилската слекција блескаше, но Клоп смета дека Кутињо сеуште не е спремен за настап во Премиер Лигата.
„Тој се врати и имавме добар разговор“. – Изјави Клоп.
„Ситуацијата е различна, Роберто играше во вториот натпревар малку повеќе, но и двајцата се вратија здрави од Бразил“.
„Луѓето ќе го критикуваат, но Фил минатите три недели не тренираше само поради неговата повреда на грбот“.
„Моментално тој се чуствува здрав и одморен, имаме да одиграме седум натпревари пред новата интернационална пауза, но нема да го турнам во оган и најверојатно викендов тој нема да биде стартер.“ -заврши менаџерот на Ливерпул.