ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Капитенот на Баерн Минхен, Филип Лам влегува во доцните играчки години.
Долгогодишниот стандарден член во баварскиот гигант неодамна го прослави својот 33. роденден и веќе е време полека да почне да размислува за животот по завршувањето на кариерата.
Како што сега стојат работите, Лам во Баерн би можел да остане и многу подолго отколку што многумина го очекуваа. Новостариот претседател, Ули Хенес призна дека Лам го гледа како идеален човек за позицијата спортски директор на Баерн, па се очекува по завршувањето на кариерата да му биде понудена таа многу атрактивна работа.
Филип Лам е дете на Баерн, а за првиот тим настапува веќе десет години. Едно време беше на позајмица во Штутгарт, за кој играше од 2003. до 2005 година.