Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито одби да отфрли евентуално заминување на Сергеј Милинковиќ-Савиќ од клубот.
Српскиот играч кој беше поврзуван со трансфер во Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед не игра баш најдобро на почетокот на оваа сезона, па од клубот од главниот град од Италија сега би се согласиле да го пуштат дури и за сума помала од сто милиони евра.
Лотито одби неколку богати понуда претходното лето за српскиот фудбалер, а тоа испадна како погрешен потег со оглед на фактот што цената на Милинковиќ-Савиќ опадна поради неговите слаби настапи на почетокот на сезоната.