„Леброн да го надмине Џордан? Нема шанси…“


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Кошаркарот на Чикаго, Вејд изјави дека се сомнева дека неговиот пријател Леброн Џејмс ќе го надмине Џордан на местото на најдобар кошаркар на сите времиња.

    Меѓутоа, тој изјави дека Џејмс би можел многу лесно да се израмни со него.

    Леброн минатата сезона го направи скоро невозможното бидејќи со Кливленд ја освои првата титула во историјата, и тоа со победа против Голден Стејт во финалето.

    Иако Леброн верува дека ќе го надмине Џордан, сепак Вејд се сомнева во тоа.

    „Не, тоа не е возможно. Единствено што може е да се израмни.“

    „Едноставно, не можете да заборавите се што постигна Џордан. Не постои подобар од него. Нема можност да се оди над тоа.“