Легендарен аргентински тренер полуде: Сакав да земам пиштол и да ги убијам!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Аргентина реши да купи имот во шпанска Марбела, за да имаат место на мир да се подготвуваат за пријателските натпревари кои ги играат во Европа.

Аргентинците за тренинг-камп наводно платиле вистинско богатство, а оваа одлука го налути поранешниот селектор Цезар Луиз Меноти.

„Не можам да верувам. Кога го видов тоа, сакав да земам пиштол и да ги убијам. Ова е ужасно, посакав да одам во пеколот и да одам да живеам во Уругвај. Трошат богатство на имот во Марбела, а клубовите немаат вода во просториите“, вели Меноти.

Меноти во 1978. година како селектор ја водеше Аргентина до светската титула, а во кариерата водеше и неколку аргентински гиганти.