Легендата на Барса крена прашина: Незадоволен, навреден и има неверојатна понуда!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Барселона и медиумите веќе со недели и месеци најавуваат продолжение на договорот на Иниеста, но тоа никако да се случи.

    „Дон Балон“ објави информација дека Иниеста го сака Њу Јорк и дека му нуди неверојатна понуда.

    А бидејќи Њу Јорк соработува со Сити, се шпекулира дека токму англискиот тим го брка Иниеста по заобиколен пат.

    Таа информација се совпаѓа со некои несвојствени изјави на Иниеста. Тој неодамна крена прашина кога саркастично кажа дека „чека во ред“ кај претседателот. Таа дигресија беше сфатена како незадоволство. По се изгледа дека Иниеста е навреден. Претседателот Бартомеу во прв план ги има Тер Стеген, Ракитиќ и Суарез, иако сите 3-ца имаат договор до 2019-та, односно 1 година подоцна. Иниеста е веќе 20 години во Барселона и е легенда на клубот.

    Наводно е незадоволен и од планот на распределба на минутите на Енрике. Иниеста е 18-ти играч на Барселона по бројот на изиграни минути. Во 8 кола тој настапуваше на 4 натпревари и помина само 226 минути на тревата.

    Иниеста има договор до 2018-та година, тогаш ќе наполни 34 години, а Барселона наводно нуди продолжување на договорот на уште 2 додека тој бара на 3 години. Секако дека главна пречка е платата. Иниеста моментално има околу 18 милиони бруто годишна плата и наводно сака зголемување на договорот во склад со зголемувањата кои ќе ги добијат или ги добивале најдобрите играчи, пред сите Суарез и Нејмар.

    Гвардиола будно ја следи ситуацијата и е подготвен да интервенира ако Иниеста и Барселона не успеат да се договорат. Сити е подготвен да плати колку и да бара и тоа наводно го знае тој, а откако ќе одработи година или две на „Етихад“, би можел да ја заврши кариерата во Њу Јорк.

    Интересен е и моментот кога се појави оваа информација. Можеби Иниеста сфати дека не се исплати да бидеш „добар“, па се послужи со испробан рецепт на голем дел од своите колеги. Како сакате наречете го тоа, уцена, притисок или лицитација, но ваква тактика обично носи резултати. Како и да е, Иниеста има силни карти во рацете, а Барселона го има наредното лето како последен воз за да заработи на него ако сака да го продаде.