Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓
Според медиумите во Шпанија, судот во Мадрид повторно ќе го отвори случајот на Чаби Алонсо за затајување на данок.
Во шпанското обвинителство се надеваат дека ќе може да докажат дека поранешниот фудбалер на Баерн Минхен, Реал Мадрид и Ливерпул затајувал данок во период од 2010 до 2012 година кога Алонсо ги продал маркетинг правата за пет милиони евра.
Адвокатите на Алонсо претходно потврдија дека Шпанецот не е виновен, но обвинителството се надева дека ќе може да докаже дека поранешната ѕвезда намерно не платила данок.