Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Играчот на Монако, Томас Лемар ќе биде следната трансфер цел по која ќе тргнат „топчиите“ по обезбедувањето на потписот на Лаказет.
Како што пренесува „Скај Спортс“ од Арсенал подготвиле нова понуда за играчот од средниот ред со офанзивни карактеристики откако првата понуда испратена до Монако беше експресно одбиена.
Венгер за услугите на Лемар сега е подготвен да плати 40 милиони фунти. Од редовите на Монако не сакаат да се ослободат од нивните ѕвезди многу лесно, па „Скај Спортс“ пишува дека и оваа сума можеби нема да биде доволна за да се убедат челниците на францускиот клуб да го пуштат нивниот играч на „Емирати“.