Лестер во финишот со спектакуларен гол стигна до реми со Вест Хем (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во последниот денешен натпревар од Премиер Лигата, екипите на Лестер и Вест Хем ги поделија бодовите играјќи, 1:1.

„Чеканите“ први стигнаа до предност уште во 30. минута со голот на Балбуена откако добро се снајде во шеснаесетникот на домаќините.

Сепак, само осум минути подоцна најискусниот играч на Вест Хем, Марк Нобл заработи директен црвен картон и со тоа значително ја отежна работата за неговиот тим.

Лестер напаѓаше до самиот крај,  а голот пристигна во 89. минута кога Вилфред Ндиди го совлада Фабиански.