Лестер и Евертон посакуваат фудбалер на Барселона


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Англиските премиерлигаши Лестер и Евертон се сериозни во намерите во своите редови да го донесат напаѓачот на Барселона, Пако Алкасер.

Каталонскиот весник „Спорт“ пишува дека шпанскиот фудбалер е пред заминување од „Камп Ноу“, а покрај неколкуте екипи од Шпанија кои се заинтересирани за него, постои интерес и од двата англиски тима.

Барселона го проценува фудбалерот на 27 милиони фунти, сума која не би требало да претставува проблем за Евертон и Лестер.