Лестер купува репрезентативец на Белгија

„Скај Спортс“ пренесува дека од таборот на Лестер се во напредни преговори за ангажман на фудбалерот на Монако, Јури Тилемнас.

Клод Пуел сака да ја зацврсти средината на теренот, а младиот Тилеманс излегол како идеално решение за „Лисиците“.

Белгискиот репрезентативец кој пред скоро време се врати на терените по една посериозна повреда би чинел околу 20 милиони фунти.

Наводно и самиот Тилеманс изразил желба да заигра во Премиер лигата, па понудата од Лестер била добредојдена за него.