Лестер не се откажува лесно, подготвува нов богат договор за Мегваер


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Од редовите на Лестер планираат да се одбранат од нападите на Манчестер Јунајтед кога во прашање е нивниот централен дефанзивец, Хари Мегваер.

Медиумите во Англија пренесуваат дека „Лисиците“ подготвуваат нов договор за англискиот репрезентативец со кој би заработувал по 95.000 фунти неделно.

„Скај Спортс“ пред неколку дена објави дека Манчестер Јунајтед е сериозно заинтересиран за Англичанецот, но за да го донесе ќе треба да продаде минимум двајца фудбалери од одбраната.

Вчера излезе информација дека Маркос Рохо е пред трансфер во Евертон, а на излезната врата од „Олд Трафорд“ е и Матео Дармијан, што значи дека клубот би можел да го донесе Мегваер во своите редови.

Дали поранешниот играч на Шефилд Јунајтед и Хал Сити ќе се согласи на нов договор со Лестер, или ќе одлучи да ја промени средината, ќе дознаеме во следните десетина дена.