„Лестер никогаш нема да ја повтори минатата сезона“

Некогашниот напаѓач на Лестер Андреј Крамариќ смета дека Лестер повеќе никогаш нема да ја повтори минатата сезона кога ја освои ПЛ.

Во минатата сезона Лестер, и покрај сите прогнози, успеа покрај клубови како Манчестер Сити, Челси или Манчестер Јунајтед да ја освои титулата и да ја шокира европската и светската јавност.

Сепак, Крамариќ смета дека тоа повеќе нема да се повтори.

„Кога ги би споредиле Хофенхајм и мојот поранешен клуб, може да речам дека има сличност, но во Англија е многу подруго. Лестер рушеше се од почеток до крај и тешко некогаш да ја повтори минатата сезона, порача Крамариќ.

Крамариќ додаде дека Бундеслигата е многу компликувана и дека постојат многу клубови кои се борарт за излез во Европа во наредната сезона.

Исто така се наврати и на непобедливоста на својата екипа во оваа сезона.

„Не е едноставно да бидете единствена непобедена екипа во оваа сезона во најсилните лиги во Европа. Постојат многу кандидати за ЛШ, но и за ЕЛ. Баерн, Лајпциг, Дортмунд, Ајнтрахт, Херта и Келн.

Значи, ќе биде многу интересно до крај“, рече Крамариќж

Хрватскиот напаѓач  во оваа сезона постигна четири гола во Бундеслигата.