До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од таборот на Тотенхем се подготвени да продадат неколку играчи за да достигнат сума од 170 милиони фунти кои би ги искористиле за носење нови играчи.
Маурисио Покетино планира да ги продаде Дени Роуз, Тоби Алдервилд, Виктор Ванјама и Муса Дембеле и средствата собрани од нив да ги искористи за засилување на тимот.
Се уште не е познато дали нивниот најдобар играч, Хари Кејн ќе остане во Лондон или ќе се пресели во Реал Мадрид. Доколку Англичанецот си замине, Тотенхем ќе добие уште дополнителни 200 милиони евра за трошење, колку што би изнесувал трансферот на одличниот напаѓач.















