Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Лос Анџелес Лејкерс, Лук Волтон нема да може да смета на Леброн Џејмс барем уште седум денови и тоа е голем проблем за екипата.
„Кралот“ го пропушти мечот против Њујорк Никс, кој го загуби неговата екипа со 112-119. Тоа беше петти меч, кој го одиграа без Леброн, а нема да го има ниту на наредните три.
„Леброн мора да биде здрав. Не сакаме да игра повреден“, кажа тренерот на Лејкерс.
Според претпоставките, Леброн нема да игра против Минесота и Далас, а најверојатно и против Деторит.
Треба да споменеме дека Лејкерс загуби дури четири натпревари од пет без „кралот“ во екипата.