Ливерпул загуби уште една битка, Арсенал им украде потенцијално засилување


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Барселона не се договори со Жоел Лопез, 15-годишниот фудбалер од нивната школа, па веднаш момчето побара нов клуб.

Сакаше да игра во Англија, а на крајот имаше понуди од две екипи, Арсенал и Ливерпул, па според шпански „Спорт“, Лопез ќе се пресели во Арсенал.

Станува збор за фудбалер, кој е многу талентиран, а игра како лев бек и нема да биде првиот Шпанец, кој како дете пристигнал во Арсенал.

Претходно истото го направија Хектор Белерин и Сеск Фабрегас.