„Ливерпул може да биде шампион на Англија“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Поранешниот менаџер на Ливерпул Жерар Улие смета дека Редсите можат до титулата во Премиер лигата во оваа сезона.

    Францускиот стручнак мисли дека Редсите имаат се неопходно да го наследат Лестер на тронот во Англија.

    Повод за оваа изјава веројатно е играта на Ливерпул за викендот, кога на Енфилд со 5:1 го декласираа Хал Сити.

    „Тие се доволно добри да ја освојат лигата. Редсите играат добро, ефикасни се и симпатичен тим. Најдоброто допрва доаѓа“, тврди Улие, кој рече дека овок клуб има „голем тренер на клупата“.

    Ливерпул моментално е четвртопласиран во Премиер лигата со пет бода позади водечкиот Манчестер Сити, кој е со максимален учинок.