Ливерпул си поигруваше како со мали деца – Дебакл на Лестер на Енфилд


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во последниот натпревар од ПЛ денес, фудбалерите на Ливерпул запишаа убедлива победа на Енфилд против Лестер од 4:1.

Уште на стартот доминација на црвените. Роберто Фирмињо му донесе водство на Ливерпул после 13 минути игра на асистенција на Џејмс Милнер. Потоа Садио Мане по втор пат ги израдува домашните навивачи на асистенција на Даниел Стариџ. Само 5 минути после погодокот на сенегалецот, дефанзивците на Ливерпул направија грешка, а тоа го казни Џејми Варди со погодок со кој намали на 2:1. Лестер набрзина се закани и преку Роберт Хут за израмнување, но сојузник на голманот на Ливерпул беше пречката. На полувреме се замина со водство на Ливерпул од 2:1. Вториот дел донесе погодок во 56-та минута на Адам Лалана на асистенција на Вијналдум. Варди се обиде после погодок повторно да намали на 1 погодок предност, но шутираше лошо. Фирмињо после грешката на фудбалерите на Лестер во 90-та минута со својот втор погодок на натпреварот, а четврт за Ливерпул ги постави конечните 4:1. Асистент за погодокот беше стрелецот на вториот погодок, Садио Мане.

Ливерпул ја запиша втората победа оваа сезона, а Лестер вториот пораз.