Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Организаторот Лимак Холдинг и Македонската Кошаркарска Федерација одлучија Купот на Македонија 2017 да се одржи во Кавадарци во спортската сала “Јасмин“ од 17-ти до 19-ти февруари.
Лимак Холдинг искажува особена благодарност до Кошаркарскиот Клуб Фени Индустри за поддршката во организацијата на Купот на Македонија во Кавадарци, за отстапувањето на салата и за поддршката околу судискиот и безбедносниот дел од организацијата.
На „Лимак Купот на Македонија 2017“ ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дел на првенството во Првата женска лига.
Четвртфиналните натпревари ќе се играат во еден ден. И тоа со натпреварувачки броеви во кои МЗТ Скопје и Карпош Соколи (не играат во првиот дел) ќе бидат дел од „привилегираната” група од четири клубови, заедно со првопласираните две од првиот дел од сезоната (екипите на Работнички и на Фени Индустри).