Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку, е во најдобрите години, но очигледно нема уште долго да игра за репрезентацијата на Белгија.
Во последното интервју за медиумите, Лукаку најави дека Европското првенство во 2020. година ќе биде крај за него.
„Мислам дека по Европското првенство ќе престанам да играм за Белгија“, кажа Лукаку.
Иако размислува за пензија, својот моментален статус во репрезентацијата не сака да го препушти на никого.
„Уште не сум го достигнал врвот. Младите играчи во репрезентацијата се обидуваат да ми го земат местото, ги гледам како конкуренција, но не го давам. Можеби ќе го добијат моето место за две години“, објасни Белгиецот.
Лукаку на Светското првенство во Русија постигна четири гола, а дебитираше за Белгија во 2010. Година.