Македонија дел од Светската Таеквондо ИТФ елита во Минск –Белорусија


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Таеквондо ИТФ Македонија  под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион  , од  20-27 август 2018 ќе учествува на Светското Таеквондо ИТФ  првенство за јуниори и ветерани во Минск-Белорусија.

Боите на нашата држава ќе ги брани , искусниот Ацо Јосифски црн појас IV дан, поранешен светски шампион, освојувач на два бронзени медали на последното Европско првенство кое се одржа во Талин –Естонија  оваа година. Јосифоски ќе се натпреварува  во две дисциплини , во форми за црн појас IV дан ветерани и борби -64  кг ветерани.

„Подготовките  течеа последните два месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солиден  резултат, знаеме дека конкуренцијата е огромна, но тоа е уште поголем мотив за освојување на медал од ова Светско првенство.  Како спортски амбасадори се обврзуваме достојно да ја преставиме нашата Република Македонија“- вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезентација