Македонија освои уште еден медал на Специјалната олимпијада во Абу Даби

Специјалната олимпијада на Македонија продолжи да остварува нови успеси на Олимписките игри во Абу Даби, откако кошаркарската репрезентација освои бронзен медал со триумфот против Буркина Фасо со 24-18, во пресметката за третото место.

Ова е уште еден голем за македонските спортисти, кои освоија уште еден медал за репрезентацијата, откако претходно до големи успеси стигнаа Сара Дураку, Ардијан Шабан, Марио Мицевски и Стефан Трпковски.

Атлетичарката Дураку освои бронзен медал, Шабани освои сребро и бронза во атлетика, додека златни медали претходно освоија Трпковски и Мицевски во пливање во конкуренција на 50 метри во слободен стил.

Цела Македонија се гордее со успесите на спортистите, за кои се надеваме дека ќе нè израдуваат со уште многу остварувања во иднина.