Македонија падна на првиот потежок испит: Хрватска нè „замрзна“ на минус девет!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Македонската репрезентација го запиша првиот пораз на Светското првенство во Германија и Данска, откако Хрватска нè совлада со 31-22.

Хрватска го имаше водството од самиот почеток на натпреварот, а ние успеавме да израмниме на 4-4 и тоа беше последно израмнување. Хрватите притиснаа во продолжението од мечот, па набрзо стигнаа до водство од 13-7, но македонските ракометари намалија на 11-16 на полувреме.

Во второто полувреме имавме неколку шанси да се приближиме на Хрватска, но промашивме напади за негатива од два гола. Не ги искористивме шансите, па Хрватите во продолжението стигнаа до триумф од девет гола (31-22).

Најефикасен кај Хрватите беше Домагој Дувњак со шест постигнати голови, а во нашите реови Дејан Манасков постигна шест гола, додека Кире Лазаров постигна пет.