Македонија поразена од Романија, но и покрај тоа се пласираше во главната квалификациска фаза за Европското првенство

Кошаркарската репрезентација на Македонија одигра очаен натпревар на гостувањето во Плоешти кај Романија.

Избраниците на Јорданчо Давитков претрпеа пораз од 65:53 и имаа голема среќа што поразот не беше во висина од 14 поени разлика затоа што такво нешто ќе ни ги намалеше шансите на минимум за пласман во квалификациите  за Европското првенство.

Вака, ја остваривме нашата примарна цел и се пласиравме во главната квалификациска фаза за Европското првенство кое ќе се одржи во 2021 година. Во квалификациите ќе настапат 31 репрезентации во Европа кои ќе бидат поделени на осум групи. Првите три репрезентации ќе обезбедат директен пласман на континенталниот собир.

Најефикасен во нашиот табор беше Дамјан Стојановски со 13 поени, а еден помалку реализираше неговиот брат Војдан.