ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Репрезентацијата на Македонија одигра уште еден нерешен натпревар во Анталија, овој пат против Азербејџан (1:1).
На контролниот натпревар на „Мадран“ арената нашата репрезентација одигра солиден натпревар и ја продолжи серијата од седум натпревари без пораз.
Азербејџан дојде до водство уште во 5. минута по непостоечки пенал кој го реализираше Ричард Алмеида. На 1:1 израмни Александар Трајковски во 20. минута исто така од белата точка.
Во првиот дел видовме многу подобар фудбал во кој Македонија беше поквалитетен противник, но за жал тоа не успеа да го претвори во предност.