Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младата ракометна репрезентација на Македонија го претрпе првиот пораз на Светското првенство во Алжир откако со 32:27 беше надиграна од репрезентацијата на Тунис.
Нашите репрезентативци имаа голема шанса со победа сериозно да се наметнат за следната фаза на шампионатот, но подлегнаа под притисокот и одиграа слабо против Тунижаните.
Избраниците на Иле Темелковски немаа решение за Скандер Заид кој постигна дури 14 погодоци за својата репрезентација. Кај нас најефикасни беа Филип Талески и Давор Палевски со по шест голови.
Шанса за пласман во следната фаза ќе бараме на следните два натпревари против Шпанија и Бразил.