Манчестер прави одличен трансфер: Ѕвездата на Челси се сели во Јунајтед!?


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Челси, наводно, прифатиле понуда од 75 милиони евра од Манчестер јунајтед за Вилијан, за кого интерес покажа и Барселона.

Шпанскиот гигант се обиде да го купи Бразилецот, но понудата од 55 милиони фунти не беше доволна за „сините“.

Поради тоа, Барселона реши да го ангажира Малком од Бордо, по што беше уништена и последната надеж дека може Вилијан да премине на „Камп ноу“.

Но, Вилијан има одбри односи со Жозе Мурињо, кој сака да го однесе во Јунајтед, а очигледно ќе успее во таа намера во следните денови.