ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Манчестер Сити вечерва дојде до својата јубилејна 20. победа оваа сезона во Премиер лигата откако на „Етихад“ славеше против Вотфорд со 3:1.
Само што започна натпреварот домашниот тим веќе имаше водство од 1:0. Стерлинг ја затресе мрежата на Еурелио гомес по само 38 секунди. Веќе во 13. минута беше 2:0 кога Кабаселе ја затресе сопствената мрежа.
Се играше 63. минута кога Сити го постигна и својот трет гол, овој пат преку Серхио Агуеро. Конечниот резултат го постави Андре Греј во 82. минута кога намали на 3:1.
Манчестер Сити е убедливо прв на табелата со 62 поени од 22 натпревари и со денешната победа ја зголеми предноста пред Манчестер Јунајтед на 15 поени.