Манчестер Сити планира една значајна промена


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Медиумите од Англија пренесуваат дека од раководството на Манчестер Сити се во план дополнително да го зголемат капацитетот  на „Етихад“ стадионот.

Шампионот на Премиер лигата планира да ја прошири северната трибина за нови 8.000 седишта со што капацитетот на посетители би се искачил на 63.000.

Веќе биле одржани неколку состаноци со компанијата која ќе го доградува стадионот „ИСГ“, а за ова биле консултирани и фановите на клубот. Работите треба да започнат на почетокот на следното лето.