Тен Хаг замина, во Манчестер журка! ↓↓↓
Жозе Мурињо е во активна потрага на играч од одбраната кој би требало да биде партнер на Ерик Бејли за следната сезона.
Многу имиња кружеа во последниот период како можни засилувања на тимот од „Олд Трафорд“, но засега ниту едно не е пристигнато во Манчестер.
Медиумите во Англија пренесуваат дека на „Црвените ѓаволи“ им била понудена можност да го донесат Жером Боатенг од Баерн Минхен за сума од 50 милиони фунти.
Сепак, засега најреална опција останува фудбалерот на Барселона кој блесна на Светското првенство, Јери Мина кој на „Олд Трафорд“ би пристигнал за сума од околу 30 милиони фунти.