Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови? ↓↓↓
Екипата на Манчестер Јунајтед стигна до тешка, но значајна победа на гостувањето на „Виталити“ стадионот кај тимот на Бурнемут.
Домашниот тим одлично го отвори натпреварот и веќе во раната фаза имаше предност од 1:0 по голот на Калум Вилсон.
Сепак, во 35. минута Манчестер Јунајтед стигна до израмнување преку Ентони Марсијал.
Во вториот дел Јунајтед заигра многу подобро и имаше неколку стопроцентни шанси, а погодокот стигна дури во 93. минута кога Маркус Рашфорд најдобро се снајде во шеснаесетникот на Бурнемут.















