Манчестер Јунајтед го посакува Меуние

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо посакува во своите редови да го донесе белгискиот репрезентативец, Томас Меуние.

Десниот бек игра одлично кога ќе добие шанса од Емери, но и покрај неговите константно добри партии тој ја дели минутажата со Дани Алвеш.

Белгискиот репрезентативец посакува поголема минутажа пред Светското првенство во Русија, и можно е уште во јануари да побара промена на средината. Како што пишуваат медиумите, можен е трансфер во Манчестер Јунајтед за сума од 30 милиони фунти.