Манчестер Јунајтед замената за Керик ја најде во Ница


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ Манчестер Јунајтед се приклучил во трката за фудбалерот на Ница, Жан Мишел Сери.

26 годишниот фудбаелр кој во Ница дојде во 2015 година од Пакос де Фереира има откупна клаузула од 33 милиони фунти што не би требало да претставува проблем за „црвените ѓаволи“ кои и покрај трансферот на Алексис веројатно нема да застанат со пазарење овој зимски преоден рок.

Жозе Мурињо го идентификувал Сери како наследник на Мајкл Керик кој ќе се пензионира следната сезона, а клубот веројатно ќе остане и без Маруан Фелаини кој се уште не го има продолжено договорот кој му истекува следното лето.

Сери оваа сезона на 26 натпревари во дресот на Ница постигнал еден погодок и запишал шест асистенции.

Летото се шпекулираше дека е пред трансфер во Барселона, но до реализација на такво нешто не дојде.