До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Екипата на Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето на „Селхрст парк“ кај Кристал Палас во еден извонредно интересен натпревар кој заврши во корист на „ѓаволите“ со 3:2.
Домашниот тим имаше водство од 2:0, а головите ги постигнаа Таузенд во 11. и ван Анхолт во 48. минута.
Потоа Манчестер Јунајтед заигра многу поотворено, па стигна до намалување на резултатот откако Смолинг со глава го совлада Хенеси во 55. минута.
Мурињо веднаш по голот направи две измени со кои значително го засили офанзивниот дел во тимот, а тоа на крајот се исплати.
Најпрво Ромелу Лукаку го изедначи резултатот во 76. минута, а потоа Матиќ со еден фантастичен гол во првата минута од судиското продолжение го постави конечниот резултат на средбата.















