Манчестер јунајтед ќе се „спаси“: Се појави клуб кој го сака Швајнштајгер!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Германскиот фудбалер, Бастијан Швајнптајгер во јануари најверојатно ќе го напушти Јунајтед. Тој во тимот стигна пред повеќе од 1 година, но новата сезона стана кошмар за него.

    Од доаѓањето на Мурињо на клупата на тимот стана јасно дека за Германецот нема повеќе место во тимот. Поранешниот играч на Баерн во последните недели тренираше за резервите, а на почетокот на минатата недела Мурињо одлучи да го врати во првиот тим.

    Сепак, тој сеуште е далеку од теренот, па се зборува дека во јануари ќе го напушти тимот.

    Медиумите пренесуваат дека тој би можел да остане во ПЛ бидејќи се појави клуб кој е подготвен да го купи. Наводно, Евертон испратил понуда за него, но проблем е неговата плата.

    Швајнштајгер заработува 200.000 фунти неделно, а тоа за Евертон е проблем. Сепак тој не е во најдобра ситуација да преговара бидејќи цел му е да најде клуб каде што ќе игра.