Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот Диего Марадона се извини на ФИФА и нејзиниот претседател поради критиките кои ги кажа на сметка на судиите на Светското првенство.
Аргентинецот кажа дека Колумбијците биле „ограбени“ во натпреварот во осминафиналето, во кое Англичаните победија на пенали.
ФИФА одговори на обвинувањата, па ги опиша коментарите на 57-годишниот Марадона како „непримерни“.
„Поради атмосферата, како навивач на Колумбија, кажав некои работи за кои признавам дека беа неприфатливи. Се извинувам на ФИФА и нејзиниот претседател. Иако некогаш мислам поинаку во однос на одлуките на судиите, ја почитувам нивната работа, која не е лесна“, вели Марадона.