Марио блеска во дресот на Интер


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во ова лето, Интер се засили со сега веќе поранешниот фудбалер на Спортинг, Жоао Марио.

    За неговите услуги, Нероаѕурите инкасираа 45 милиони евра. Сепак, Португалецот од натпревар во натпревар ги оправдуваше износот вложен во него.

    Дека е така, покажува и статистиката.

    Досега, Марио запиша три натпревари за Интер, оствари три победи, една асистенција и беше најефикасен во тимот кога се во прашање пасовите и дриблинзите.

    Досега, имаше 86 % точни пасови и ист процент на дриблинзи, што е импресивно.

    Ова зборува дека Португалецот експресно се вклопи во тимот, и дека секако му се допаѓа новата средина.