„Марка“: Арсенал во борба со ПСЖ за одличен фудбалер од Мадрид!?

Арсенал игра многу подобро под водство на новиот тренер Унај Емери, кој подготвува неколку засилувања.

„Топчиите“ дефинитивно ќе се засилуваат во јануари со неколку играчи, а една од желбите е Томас Парти.

„Марка“ пишува дека 25-годишниот играч не е задоволен со минутажата во Атлетико Мадрид, па сака да замине.

Арсенал и ПСЖ се заинтересирани за неговите услуги, но наводно Томас имал желба да се пресели во Премиерлигата.

Парти претходно го продолжи договорот во март 2018. година и сега истиот му трае до 2023. година.

Наводно, Арсенал подготвил понуда помеѓу 50 и 80 милиони евра за неговите услуги.