„Марка“: Роналдо не можеше да издржи, па ги налути Перез и навивачите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кристијано Роналдо како еден од условите за да дојде во Јувентус мораше да вети дека нема да зборува за тоа што се случило со Флорентино Перез.

Португалецот јасно одби да се прости од Реал на конференцијата со Перез, како и Зинедин Зидан, па избегна било какви прашања за поранешниот клуб, освен што им се заблагодари на соиграчите за тоа што го постигнал.

„Не верувам дека некој во Мадрид ќе плаче поради тоа што си заминав“, кажа Роналдо со насмевка на лицето.

„Марка“ пишува дека пораката била јасна, а тоа го налутило Перез, но и навивачите кои сметаат дека Роналдо ги навредил и нив.