Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓
Марк Маркез ја прослави титулата на светски шампион во мото гп во родниот град Сервер. Беше тоа негова 3-та титула во кралската класа, а вкупно 5-та.
„Им благодарам на сите што дојдовте да славиме заедно, без вас ова немаше да биде добра забава. Имам пеперутки во стомакот, иако не ми е прв пат.“
Интересно е тоа што оваа прослава не беше планирана, бидеќи требаше тој да биде на тестови во Херез заедно со Дукати, Сузуки, Априлија и КТМ, но тие тестови се откажани.